ПМФЛ

Струга во Струмица ја продолжи победничката серија, Шкупи загуби од Брегалница

Струга Трим Лум со убедливи 3-0 победи на гостувањето кај Академија Пандев во Струмица, Шкупи со 2-0 загуби од Брегалница во Штип, а Шкендија одигра само 1-1 против Македонија Ѓорче Петров. 

Тимот кој го предводи Срѓан Захариевски реди само победи на стартот од сезоната, денеска дојде до шесттиот триумф по ред откако со убедливи 3-0 славеше кај Академија Пандев во Струмица.
 
Буњамин Шабани погоди во првиот дел, а во вториот дел погодија и Бесарт Ибраими и Мерџани за сигурна победа на Струга.
 
Брегалница со 2-0 го урна шампионот Шкупи во Штип. Ова беше прв меч за чаирчани откако Гоце Седлоски си поднесе оставка. 
 
Клучниот момент се случи во 32. минута кога Адетунџи доби црвен картон поради неспортски потег. Ѓорѓи Ѓоргиев беше херојот на штипјани, двата гола беа негово дело во завршниот дел од мечот.
 
Шкендија и Македонија Ѓорче Петров одиграа нерешено 1-1. Воша донесе водство за лавовите во 54. минута, тетовскииот тим израмни девет минути подоцна со гол на Дориев.
 
Силекс со 3-2 славеше над Тиквеш, а Скопје со минимални 1-0 ја совлада Победа. Работнички беше слободен во ова коло.
 
Резултати:
 
Брегалница – Шкупи 2:0
А. Пандев – Струга ТЛ 0:3
Шкендија – Македонија ЃП 1:1
Силекс – Тиквеш 3:2
Скопје – Победа 1:0
 
Табела
 
1. Струга ТЛ 18
2. Силекс 11
3. Шкендија 11
4. Брегалница 10 (-1)
5. Академија Пандев 7
6. Шкупи 7 (-2)
7. Македонија ЃП 5 (-1)
8. Тиквеш 4 (-1)
9. Работнички 4 (-1)
10. Скопје 3 (-1)
11. Победа 1 (-1)

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе