ПМФЛ

Струга ТЛ го победи Силекс во Кратово и за првпат во историјата ќе игра во Европа

Струга Трим Лум со 1-0 победи на гостувањето кај Силекс и го задржа третото место кое ги носи во Европа, залуден беше триумфот на Македонија ЃП над Вардар од 2-0. 

Тимот на Срѓан Захариевски слави историски успех, во само шестата година од своето постоење Струга Триум Лум се пласира во Европа.
 
За таков успех денеска им беше потребна победа над Силекс во Кратово до која дојдоа иако имаа фудбалер помалку.
 
Во 28. минута Алтипармаковски беше исклучен поради опасен старт, но на теренот не се приметуваше дека Струга ТЛ има играч помалку, тие продолжија да напаѓаат и да го бараат погодокот за водство.
 
Тоа се случи во 67. минута кога по одлична акција на Цаке и Јахија, Благојевиќ си ја затресе сопствената мрежа за водство на Струга ТЛ од 1-0. Гостите ја задржаа предноста до крајот на мечот по што заслужено се радуваа на историскиот успех.
 
Пирова беше победата на Македонија ЃП од 2-0 на гостувањето кај Вардар. Тие чекаа поинаков исход во Кратово, но тоа не се случи, па останаа на четвртата позиција.
 
Дербито на двете првопласирани, Шкендија и Шкупи заврши нерешено 1-1, истиот резултат беше и на дуелот меѓу Ренова и Работнички.
 
Академија Пандев со 3-1 славеше над Борец, а Пелистер со 2-0 ја победи Беласица.
 
Со денешните мечеви заврши сезоната во ПМФЛ, остануваат само уште баражите и финалето од Купот на Македонија во кое играат Силекс и Академија Пандев.
 
Шкендија е шампион, покрај нив во Европа ќе играат и Шкупи, Струга ТЛ и победникот во купот. Силекс и Ренова преку бараж ќе се обдат да останат во ПМФЛ, а Вардар и Беласица испаднаа.
 
Во ПМФЛ влегоа Скопје и Брегалница, а Охрид и Тиквеш ќе се обидат тоа да го направат преку баражот.
 
Табела:
 
1. Шкендија 75
2. Шкупи 59
3. Струга ТЛ 57
4. Македонија ЃП 55
5. Работнички 48
6. Пелистер 45
7. Академија Пандев 41
8. Борец 40
9. Силекс 36
10. Ренова 36
11. Вардадр 31
12. Беласица 17

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе