„Трите лава“ денеска ги почнаа подготовките за последните два меча од квалификациите на Европското првенство и дуелите со Црна Гора и Косово. На Англија и потврден бод за да го завери пласманот и три за да го осигура првото место на табелата.
Избраниците на Герет Саутгејт важат за големи фаворити, но тренинг кампот не започна добро откако на денешниот тренинг се случил инцидент. Очигледно страстите не мируваат по синоќешното дерби на Енфилд, мајтапење за триумфот на Ливерпул над Манчестер Сити за малку не прераснал во тепачка.
Главни актери биле Џо Гомез и Рахим Стерлинг, дефанзивецот на „црвените“ го задевал својот колега од репрезентацијата, на напаѓачот на „граѓаните“ не му се допаднале кажаните зборови па двајцата се фатиле за гуша.
За среќа брзо интервенирале останатите играчи кои спречиле ескалација. Гомез и Стерлинг имаа што да си кажат и во финишот од дуелот помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити, но тогаш се заврши со вербално кошкање.