Летна преку својот мотор

Страшен пад на Маркез во Тајланд, Шпанецот на носилки пренесен во болница (ФОТО и ВИДЕО)

Марк Маркез имаше страшен пад на првиот слободен тренинг во Тајланд, Шпанецот летна преку својот мотор и силно удри на асфалтот.

Возачот на Хонда може да стигне до нова титула во Тајланд доколку освои два бода повеќе од Андреа Довициозо. Но викендот за Марк Маркез не почна најдобро, Шпанецот имаше страшен пад.

Во свиокот број седум, на промена на правецот од лево во десно, тој го загуби задниот дел, па летна преку моторот и силно удри на асфалтот.

Марк Маркез стана и на нозе се упати кон амболантното возило, но потоа на носилки беше пренесен во болница на детални тестови за да се види да не има некоја посериозна повреда. За среќа тестовите беа ОК па тој се врати на патеката, реши да се трка веднаш, и се појави на вториот слободен тренинг.

 

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе