Голманот на Рајо нема симптоми и се чувствува добро

Столе Димитриевски позитивен на коронавирус!

Голманот на Рајо, Столе Димитриевски е позитивен на коронавирус, Македонецот нема симптоми и се чувствува добро.

Рајо Ваљекано денеска ги започна подготовките за новата сезона, па како дел од протоколите, целиот тим во вторникот бил тестиран. Клубот од предградието на Мадрид попладнево соопшти дека еден играч е позитивен на коронавирус без притоа да го открие идентитетот.

Но според пишувањата на „Пасион пор ел Рајо“, заразен со ковид-19 е нашиот Столе Димитриевски, а ова го потврди и Марка.

Македонецот нема симптоми и се чувствува добро. Тој е во домашна изолација, и сега ќе треба да има два последователни негативни теста за да се врати на тренинг.

Столе Димитриевски немал контакт со останатите соиграчи, па подготовките ќе продолжат според планот. Во Рајо биле претпазливи, стравувале од вакво сценарио, па утрово фудбалерите работеле индивидуално со оглед на тоа дека се уште не биле пристигнати сите резултати.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе