Легендата емотивно ја доживуваа целата ситуација

Стоичков плачеше во емисија поради расизмот во Бугарија (ВИДЕО)

Легендата на бугарскиот фудбал, Христо Стоичков се расплака во емисија во која зборуваше за расизмот предизвикан од неговите сонародници на мечот со Англија. 

Бугарските навивачи се во центарот на вниманието откако со расистички навреди удрија по англиските фудбалери. Мечот два пати беше прекинуван поради нив, а сите очекуваат УЕФА да ги казни ригорозно.
 
Христо Стоичков многу емотивно ја доживува целата ситуација, човекот кој му даде многу на бугарскиот фудбал се расплака во шпанска емисија порад примитивизмот на неговите сограѓани кои го виде целиот свет.
 
„Ми доаѓаат солзи од сето ова. Треба да се избркаат таквите луѓе од стадион. Или уште поригорозни мерки да се воведат, како во Англија пред многу години, пет годишна забрана за натпревари и репрезентации и клубови. Треба да научат еднаш засекогаш. Не заслужуваат да има фудбал. Мислите јас убаво се чувствувам“, изјави Стоичков.
 

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе