Квалификации за Лига Европа

Стивен Џерард дебитираше со победа над Шкупи, Ренџерс има солидна предност (ВИДЕО)

Глазгов Ренџерс го победи Шкупи со 2-0 во првиот натпревар од квалификациите во Лига Европа, на клупата на шкотскиот тим дебитираше легендата на Ливерпул, Стивен Џерард.

Шкупи се покажа во солидно издание во Глазгов но се враќа со пораз кој тешко се надополнува, особено против тим од рангот на Ренџерс.
 
На овој натпревар долго ќе се сеќава Стивен Џерард токму против македонскиот тим ја почнува тренерската кариера како предводник на Глазгов Ренџерс.
 
 
Отпорот на Шкупи беше срушен во 23. минута кога Марфи погоди за водство од 1-0, а пред самиот крај на мечот Таверние од пенал ги постави конечните 2-0.
 
Шкупи: Зендели, Бајрами (Билали 46’), Љамчевски (Шабани 61’), Типуриќ, Муарем, Адем, Вујчиќ, Броја, Нчама, Илијоски и Стојковски.
 
Реваншот се игра во Скопје наредниот вторник.

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе