Новите сопственици почнуваат да трошат пари

Стив Брус пред отказ, Њукасл плаќа 14 милиони фунти за нов тренер

Добро упатениот новинар, Џанлука ди Марцио вели дека Брендан Роџерс е прва желба на Њукасл за наслендик на Стив Брус, клубот од Сент Џејмс Парк е подготвен да ја активира откупната клаузула во договорот на тренерот вредна 14 милиони фунти.

Њукасл секој ден е дел од трансфер шпекулациите откако клубот премина во раце на конзорциум предводен од Саудиска Арабија. Популарните „чавки“ ќе имаат пари за трошење (се шпекулира со сума помеѓу 200 и 250 милиони фунти), па голем број на имиња се поврзуваат со Сент Џејмс Парк.

Преда да пристигнат засилувања, ќе биде променет тренерот и според добро упатениот новинар, Џанлука ди Марцио, прв кандидат за клупата е Брендан Роџерс. Њукасл е подготвен да ја активира откупната клаузула во договорот на стратегот вредна 14 милиони фунти (околу 16 милиони евра).

Ако се земе во предвид дека на Стив Брус треба да му се плати оштета од околу 8 милиони фунти (10 милиони евра), новиот тренер ќе го чини Њукасл над 20 милиони, што е прилично солидна сума.

Останува да се види дали Брендан Роџерс ќе прифати авантура во Њукасл, новинарот Џон Перси вели дека стратегот во моментов не е заинтересиран за работата и целосно е посветен на Лестер.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе