Расизмот во фудбалот

Стерлинг: Зошто Џерард и Ламапард добија шанса да бидат тренери, а не Кол и Кембел? Затоа што едните се белци, другите црнци!

Рахим Стерлинг смета дека расната дискриминација секаде е присутна, таа е причината зошто Сол Кембел и Ешли Кол не добиле вистинска шанса да бидат тренери.

Играчот на Манчестер Сити, Рехим Стерлинг отсекогаш бил гласен говорник во борбата против расизмот. Овој пат смета дека црнците не добиваат иста шанса да бидат тренери како и белците.

„Секогаш давам примери поврзани со фудбалот. Ќе ви дадам еден перфектен. Ги имате Стивен Џерард и Френк Лампард, и ги имате Сол Кембел и Ешли Кол“, вели Стерлинг.

„Сите тие имале одлични кариери, сите играле за Англија. Во исто време ги добиваа тренерските значки со највиски оценки, и двајцата кои не добија вистинска тренерска шанса се двајцата поранешни играчи кои се црнци“.

„Има околу 500 фудбалери во Премиерлигата и третина од тие се црнци, ние немаме наши претставници во хиерархијата, немаме наши претставници во стручните штабови“.

„Нема многу лица со кои можеме да се поврземе и да имаме конверзација“.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе