Дебатата за расизмот во фудбалот повторно е актуелна

Стерлинг се смее на изјавата на Бонучи

На Рахим Стерлинг не му се допадна изјавата на Леонардо Бонучи која ја даде откако неговиот соиграчи Моисе Кин беше навредуван на расна основа од фановите на Каљари.

Стерлинг и дел од играчите на Англија имаа непријатно искуство во Црна Гора каде имаше расистички навреди на нивна сметка. Играчот на Сити го крена гласот против расизмот во изминатиот период. А сега ги прокоментира и случувањата во Италија на вчерашниот натпревар.
 
Напаѓачот на Јувентус, Моисе Кин постојано беше навредуван на расна основа, и поради тоа откако постигна гол намерно го прослави пред навивачите на Каљари по што настанаа уште поголеми инциденти и дофрлувања кон него.
 
Леонардо Бонучи по натпреварот изјави дека вината не 50-50, половина е на фановите на Каљари, а половина на Кин.
 
Стерлинг преку инстаграм изјавата на Бонучи ја искоментира со смеење. Тој апсолутно не се согласува дека има вина кај Кин.
 
 
Со изјава се јави и поранешниот играч на Јуве, Пол Погба кој на својот инстаграм профил напиша: „Ја поддржувам секоја борба против расизмот, сите сме еднакви. Добри Италијани разбудете се, не треба да дозволите мала група на расисти да зборуваат за вас“.

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе