Рахим Стерлинг го пропушти натпреварот против Сенегал поради лични причини, а ќе биде под голем знак прашалник и за дуелот со Франција во четвртфиналето во сабота.
Напаѓачот го напушти кампот на Англија и се врати на „островото“ откако неговиот семеен дом во Лондон беше мета на вооружени крадци.
Последните извештаи велат дека Рахим Стерлинг им се доверил на пријателите и им кажал дека ќе се врати на мундијалот во Катар само под еден услов.
Тој прво сака да се увери дека неговото семејство е 100% безбедно, за потоа да се качи во авион и повторно да им се придружи на „трите лава“.