Играчот на Сити доби казна од англиската репрезентација

Стерлинг нема да игра против Црна Гора поради инцидентот со Гомез на тренинг

Рахим Стерлинг нема да игра на квалификацискиот меч против Црна Гора откако доби казна поради инцидентот со Џо Гомез на тренинг. 

Емоциите од дербито меѓу Ливерпул и Манчестер Сити, Гомез и Стерлинг ги префрлија на тренинг на англиската репрезентација каде влегоа во дуел, но беа разделени од соиграчите.
 
Поради инцидентот на тренингот Стерлинг е казнет и нема да игра на мечот со Црна Гора.
 
„Требаше да донесеме одлука, а таа е Рахим да не настапи на мечот против Црна Гора во четврток“, изјави селекторот на Англија, Герет Саутгејт.
 
„Еден од нашите најголеми предизвици и силна страна е тоа што успеваме да ги оделиме клупските ривалства од националниот тим. Но за жал, емоциите од овој меч се уште се присутни“.
 
Во пост на социјалните мрежи Стерлинг изјави дека тој и Гомез ги надминале недоразбирањата.
 
„Јас и Џо зборувавме и ги решивме проблемите, продолжуваме понатаму. Ние сме во спорт каде што емоциите се големи. Сфативме дека тоа беа само 5-10 секунди и завршено е, одиме понатаму, ние сме поголеми од тоа. Да се фокусираме на мечевите на Англија“, е дел од излагањето на Стерлинг на социјалните мрежи.

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе

На 2 јуни во Црна Гора беше прогласен крај на епидемијата. Од првиот бран, земјата излезе со следниот биланс: 324 заразени и 9 починати лица.

повеќе