Клубот соопшти

Стефано Пиоли потпиша нов договор со Милан

Милан соопшти дека ја продолжува соработката со Стефано Пиоли до јуни 2025 година. 

57-годишниот италијански стратег, Стефано Пиоли во Милан пристигна во октомври 2019 година откако Марко Џампаоло доби отказ. 
 
Пиоли минатата сезона на Милан му го донесе Скудетото, клубот смета дека тој е вистинскиот човек кој треба да го води тимот и во наредните години.
 
Милан денеска соопшти дека Пиоли потпиша уште двегодишно продолжување на неговиот актуелен договор. Тој ќе остане на Сан Сиро до јуни 2025 година. Претходниот договор му истекуваше по завршувањето на оваа сезона.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе