Големо признание за Французинката од УЕФА

Стефани Фрапар испишува историја: Французинката е првата жена што ќе суди големо машко финале

УЕФА ќе испише историја откако за пресметката помеѓу Ливерпул и Челси во Суперкупот на Европа ја постави французинката Стефани Фрапар за главен судија.

Освојувачите на Лигата на шампионите и Лига Европа, Ливерпул и Челси на 14. август ќе ги одмерат силите во Истанбул и ќе се борат за трофејот од Суперкупот на Европа.

УЕФА одлучи да испише историја на овој меч и ја постави Стефани Фрапар за главен судија. Французинката со тоа ќе стане првата жена која суди големо машко финале.

Стефани Фрапар во април дебитираше во најсилното првенсво на Франција и судеше на натпревар од Лиг 1, а во јули ја делеше правдата во женското финале на Светското првенство.

Во Истанбул таа ќе соработува со своите колешки од доверба, Мануела Николоси од Франција и Мишел О’Нил од Северна Ирска, со кои заедно го одработи мечот за злато помеѓу САД и Холандија минатиот месец.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе