Обложувалниците ги сместија Манчестер Сити и Ливерпул како фаворити

Ставете ги во бележникот, ова се датумите на сите дерби натпревари во Премиерлигата (ФОТО)

Денеска беше објавен календарот за новата сезона во Премиерлигата, возбудувањата во Англија започнуваат на 9. август а ќе финишираат на 17. мај.

Изминатава сезона, битката во најсилното првенство на Англија беше неизвесна до последното коло, на крајот Манчестер Сити стигна до титулата со еден бод повеќе од Ливерпул. Овие два клуба уше сега се посочуваат од обложувалниците како главни кандидати за трофејот и во сезоната 2019/20, за која денеска беше откриен календарот.

Новите возбудувања започнуваат на 9. август, а ќе финишираат на 17. мај. Дерби има веќе на стартот, на Олд Трафорд се среќаваат Манчестер јунајтед и Челси. Во август месец ќе видиме уште три големи пресметки. Манчестер Сити ќе ги одмери силите со Тотнем, Ливерпул ќе го пречека Арсенал а на крајот од месецот е првото дерби на Северен Лондон.

Во последното коло нема голема пресметка, но затоа пак Ливерпул го чека пеколен финиш на сезоната со дуели против Арсенал, Челси и Њукасл.

Датумите на сите дерби натпревари:

11. август: Манчестер јунајтед – Челси
17. август: Манчестер Сити – Тотнем
24. август: Ливерпул – Арсенал
31. август: Арсенал – Тотнем

28. септември: Манчестер јунајтед – Арсенал

3. октомври: Манчестер јунајтед - Тотнем
19. октомври: Манчестер јунајтед – Ливерпул
26. октомври: Тотнем - Ливерпул

9. ноември: Ливерпул – Манчестер јунајтед
23. ноември: Манчестер Сити – Челси

3. декември: Манчестер Сити - Тотнем
4. декември: Ливерпул – Евертон
7. декември: Манчестер Сити – Манчестер јунајтед
14. декември: Арсенал – Манчестер Сити
21. декември: Тотнем – Челси
28. декември: Арсенал – Челси

1. јануари: Арсенал – Манчестер јунајтед
11. јануари: Тотнем - Ливерпул
18. јануари: Ливерпул – Манчестер јунајтед
22. јануари: Челси - Арсенал

1. февруари: Тотнем – Манчестер Сити
8. февруари: Челси – Манчестер јунајтед
22. февруари: Челси - Тотнем
29. февруари: Манчестер Сити – Арсенал

7. март: Манчестер јунајтед – Манчестер Сити
14. март: Евертон – Ливерпул
14. март: Тотнем – Манчестер јунајтед
21. март: Челси – Манчестер Сити

4. април: Манчестер Сити – Ливерпул
25. април: Тотнем – Арсенал

2. мај: Арсенал – Ливерпул
9. мај: Ливерпул - Челси

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе