ЛИГА НА ШАМПИОНИ

Стартува Лигата на шампионите, Реал Мадрид го брани тронот

Вечерва започнува 26. издание на Лигата на шампионите, најдобрите 32 клуба ќе атакуваат на пехарот со „големи уши“ кој во моментов е во витрините на Реал Мадрид.

Почнува најатрактивното фудбалско клупско натпреварување, Лигата на шампионите се враќа на терените и тоа со големо дерби уште во првото коло. Барселона е домаќин на Јувентус во реприза од минатогодишното полуфинале.
 
По едногодишна пауза Манчестер јунајтед и Жозе Мурињо се враќаат на големата сцена, вечерва на Олд Трафорд ќе бидат голем фаворит против тимот на Базел.
 
ПСЖ создаде тим со фантастично напаѓачко трио, Нејмар, Мбапе и Кавани треба да донесат многу голови, победи и атрактивен фудбал, а прва дестинација во Лигата на шампионите им е гостувањето кај Селтик.
 
Вечерва го очекуваме и дебито на Стефан Ристовски кој во португалските медиуми е најавен како стартер за Спортинг Лисабон на гостувањето кај Олимпијакос во Атина.
 
Интересен дуел се очекува и во Рим каде Рома ќе го пречека тимот на Атлетико Мадрид во уште една италијанско-шпанска пресметка. Интересно ќе биде да се види Челси под водство на Антонио Конте, во минатата сезона играа само во домашните натпреварувања, сега се враќаат таму каде што и припаѓаат, прва нивна задача е Карабак.
 
Актуелниот шампион, Реал Мадрид утре ја започнува одбраната на титулата кога на Сантијаго Бернабеу гостува тимот на АПОЕЛ. Зинедин Зидан сака да биде првиот тренер кој три пати по ред ја освоил Лигата на шампионите.
 
Едно е сигурно, фудбалските гурмани од вечерва ќе ја имаат и омилената порција фудбал, Лигата на шампионите која нуди посебни доживувања.

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе