Суспензија и парична глоба од 75.000 фунти за Англичанецот

Стариџ го излажал брат му дека прави трансфер во Севиља, а си доби казна за прекршување на правилата за обложување

Даниел Стариџ му кажал на својот брат да стави пари на Севиља како негов следен клуб, и покрај тоа што трансферот не се реализираше, Англичанецот сега е казнет за прекршување на правилата за обложување.

Фудбалската асоцијација на Англија во ноември 2018 година отвори постапка против Даниел Стариџ и го обвини дека ги прекршил правилата за обложување.

Медиумите уште тогаш шпекулираа дека се работи за давање инсајдерски информации на блиски роднини и пријатели за тоа каде напаѓачот ќе ја продолжи својата кариера во зимскиот преоден рок во 2018 година.

Независна регулаторна комисија сега го разгледа целиот случај и соопшти дека играчот е виновен по две од единаесет обвинувања. Има докази само за тоа дека Даниел Стариџ му кажал на својот брат Лион да стави пари на Севиља како следен негов клуб.

Ваквиот трансфер сепак не се реализираше откако трите страни не успеаја да се договорат. Англичанецот на крајот заврши на позајмица во ВБА каде играше до финишот на сезоната 2017/18 и потоа се врати на Енфилд.

Поради прекршување на правилата за обложување, Даниел Старич доби суспензија од шест недели и парична глоба од 75.000 фунти. Со оглед на тоа дека четири недели се условна казна, напаѓачот всушност ќе биде надвор од терените само до 31. јули.

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе