Серија А

„Старата дама“ ја совлада Фиорентина, Роналдо со два гола од пенал стигна до 50 погодока во Јуве (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо стигна до 50 погодока во дресот на Јувентус откако попладнево два пати ја тресеше мрежата на Фиорентина од белата точка во победата од 3-0 на „старата дама" во Торино.

ЦР7 ја продолжи гол серијата, денеска против Фиорентина се запиша во листата на стрелците на девети натпревар во низа и изедначи постигнување на Трезеге од 2005 година.

На пет минути пред крајот на првиот дел, судијата покажа на белата точка за играње со рака на Пецела откако прегледуваше со ВАР, а Кристијано Роналдо погоди од пенал за 1-0.

Во 80. минута, беше досуден нов пенал во корист на Јувентус, Бентанкур падна по еден дуел со Чекерини, судијата покажа на белата точка а не ја промени одлуката ни откако ги прегледуваше повторените снимки. Португалецот ја изведе и оваа најстрога казна и стигна до 50 погодока во дресот на „старата дама“.

Во последните мигови од мечот, Де Лихт ги постави конечните 3-0, Холанѓанецот остана осамен по еден корнер и без многу мака ја затресе мрежата на Фиорентина.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе