Примера

Среќна победа на Атлетико Мадрид, Елче промаши пенал во 91. минута (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид освои три големи бода од гостувањето кај Елче каде победи со 1-0, домаќините не реализираа пенал во 91. минута од натпреварот. 

На Атлетико Мадрид до крајот од сезоната секој натпревар му е финале, па денешната победа над Елче е повеќе од значајна.
 
Тимот на Симеоне победи со гол на Љоренте во 23. минута од натпреварот. Претходно му беше поништен погодок на Суарез поради офсајд.
 
Во судиското продолжение од мечот Елче доби пенал, Фидел шутираше и ја погоди стативата, многу среќа за Атлетико Мадрид.
 
Тие сега имаат пет бода повеќе од Реал Мадрид и Барселона кои имаат меч помалку.
 
Во следното коло Атлетико Мадрид гостува на Барселона.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе