Ноќ за паметење

Србинот Јовиќ постигна ПЕТ гола и испиша нова историја во Бундеслигата (ВИДЕО)

Лука Јовиќ имаше ноќ за паметење, Србинот постигна пет гола против Фортуна Дизелдорф и стана најмладиот играч со вакво постигнување во историјата на Бундеслигата.

Незаборавна вечер во Франкфурт, Ајнтрахт славеше над Фортуна Дизелдорф со 7-1. Гол-шоуто на Комерцбанк Арена започна во 20. минута кога со помош на ВАР судијата покажа на белата точка а Алер донесе водство од 1-0.

Потоа на сцена стапи српската врска во Франкфурт, Гачиновиќ и Костиќ имаа двојно проигрување а убавата акција со мајсторски волеј ја заврши Јовиќ за 2-0 во 26. минута.

Во 34. минута, Јовиќ од врвот на шеснаесетникот погоди за 3-0 и најави тешка вечер за гостите од Дизелдорф. Алер зголеми на 4-0 во 50. минута, а 180 секунди подоцна Лукебакио постигна почесен гол за Фортуна.

За новиот гол не се чекаше многу, Јовиќ во 55. минута стигна до хет-трик, а истиот играч потоа уште два пати стрелаше прецизно за испишување на историја. Србинот стана најмладиот фудбалер кој постигнал пет гола на меч во Бундеслигата.

Се прашувам дали градоначалникот на Охрид знаел дека „кланот" ќе додели јавно признание на вахабист.

повеќе

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе