СП 2022

Србија прокоцка два гола предност, направи од готово - вересија против Камерун (ВИДЕО)

Србија водеше со 3-1, но му дозволи на Камерун да освои бод, Србите во последното коло ќе мора да одат на победа над Швајцарија за да се пласираат во осминафиналето. 

Србија му „подари“ реми на Камерун, наместо со сигурна игра на средината на теренот да го одржува водството од два гола разлика, тие дозволија да примат два гола од контра напади и да ја пропуштат победата.
 
Камерун одлично го почна мечот, во 29. минута поведоа со гол на Кастелето.
 
 
Во првата минута од судиското продолжение Павловиќ реализираше со глава по еден центаршут на Тадиќ, Србија израмни на 1-1.
 
 
Само две минути подоцна, Сергеј Милинковиќ-Савиќ постигна гол со шут од далечина, Србија направи комплетен пресврт и со водство од 2-1 замина на одморот.
 
 
По осум минути игра во второто полувреме, одлична акција на Србите која ја заврши Митровиќ за предност и од 3-1. Во тие моменти се чинеше дека Србија ќе го добие овој меч, ќе треба само рутински да ја одработи завршницата.
 
 
Но, така не размислуваа и Камерунците. Во 63. минута Абубакар постигна гол со прекрасен лоб и намали на 3-2.
 
 
Три минути подоцна по една контра на Камерун, Абубакар додаде до Чупо-Мотинг кој реализираше за израмнување на 3-3, што беше и конечен резултат.
 
 
Подоцна во денот играат Бразил и Швајцарија, Србите ќе треба да навиваат за Швајцарците за да останат со реални шанси за пласман во осминафиналето.

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе