Квалификации за ЕП 2020

Србија освои бод во Португалија, Англија ја наполни мрежата на Црна Гора (ВИДЕО)

Србија одигра 1-1 на тешкото гостување кај Португалија, Црна Гора поведе против Англија но потоа прими пет гола, Франција со убедливи 4-0 го совлада Исланд.

По ремито без голови против Украина, Португалија на свој терен ремизираше и со Србија, одиграа 1-1 и можат да жалат што не ги освоија сите три бода бидејќи во второто полувреме вршеа вистинска опсада кон голот на противникот.
 
Натпреварот почна лошо за Португалија, Србија поведе уште во седмата минута со гол на Тадиќ од пенал.
 
Следуваше повреда на Роналдо, играчот на Јувентус го истегна бутниот мускул и го напушти натпреварот.
 
Во 42. минута Португалија изедначи со прекрасен гол на Данило Переира од далечина.
 
Во вториот дел Португалија напаѓаше, Србија се обидуваше од контри. Имаше и еден контроверзен момент кога судијата најпрво досуди пенал за Португалија па се предомисли. Од повторените снимки се гледаше дека првичната одлука му беше исправна.
 
Црна Гора со гол на Вешовиќ во 17. минута поведе против Англија со 1-0, но потоа доживеа дебакл. Баркли даде два гола, по еден погодок постигнаа Кин, Кејн и Стерлинг за победа на Англичаните од 5-1.
 
Англија во двата воведни квалификациски меча даде по пет гола, по двете кола има гол разлика од 10 - 1 со што покажа дека пласманот во полуфиналето на СП не беше случајно.
 
Франција со 4-0 го совлада Исланд, Умтити, Жиру, Мбапе и Гризман беа стрелци на погодоците.
 
Албанија го отпушти Панучи и ја победи Андора на нејзин терен со 3-0, противник кој веројатно ќе го совладаа и со стариот тренер. Садику, Балај и Абраши беа стрелци.
 
Косово и Бугарија одиграа нерешено 1-1. Бугарите поведоа преку Божиков, Косово изедначи со гол на Зенели.
 
Украина со 2-1 славеше во Луксембург, Турција со 4-0 ја победи Молдавија.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе