Французинот едноставно престана да трча

Срамота: Мбапе се откажа од нападот зошто не му ја подадоа топката! (ВИДЕО)

Срамно однесување на Килијан Мбапе на мечот против Монпеље, Французинот се откажа од нападот зошто не му ја подадоа топката и акцијата тргна по другата страна.

ПСЖ некако успеа да го убеди Килијан Мбапе да остане наместо да се пресели во Реал Мадрид, тогаш се пишуваше дека на напаѓачот му биле ветувани брда и долини, односно да биде газда на клубот.

Иако одредни информации треба да се земат со доза на резерва, она што вечерва го направи играчот е доказ дека има преголема слобода.

На натпреварот против Монпеље, ПСЖ тргна во контра, Мбапе ја бараше топката, но Витиња реши акцијата да оди по другата страна.

Французинот разочаран од ваквата одлука, престана да трча и се откажа од нападот. Да продолжеше да ја следи акцијата, можеше да влезе во гол шанса откако Меси, Витиња и Хакми убаво комбинираа.

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе