Откритието на Мурињо стана хит во светот

Срамот е голем, цел свет ни се смее за малите стативи, нема кој не објави (ФОТО)

Откритието на Жозе Мурињо дека на Арената „Тодор Проески“ биле поставени помали стативи е една од главните вести во речиси сите светски медиуми. 

Пред почетокот на мечот меѓу Шкендија и Тотнем, голманите на англискиот тим му се пожалија на Мурињо дека головите се помали, пречката е пониска од тоа што треба да биде. Тој го повика делегатот на УЕФА, по што беше утврдено дека навистина, голот е понизок за 5 сантиметри.
 
Веднаш беше направена корекција, стативите беа заменети, мечот се играше со голови во нормална димензија, но срамот кој ни се случи го обиколи целиот свет.
 
Речиси и да нема медиум кој не објави дека на стадионот во Македонија биле поставени голови со помали димензии. Веста се рашири низ целиот свет, на сите можни јазици.
 
 
 
 
 
 
 
 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе