Им порачал дека епизодата против Монпеље не треба да се повтори

Спортскиот директор на ПСЖ им одржал лекција на Мбапе и Нејмар: Валканиот веш не е за во јавност

Како што пренесува Ле Паризиен, спортскиот директор Луис Кампос веќе имал состанок со Килијан Мбапе и Нејмар и им порачал дека не смее да им се повтори тоа што го направиле на дуелот против Монпеље.

По тензиите помеѓу Нејмар и Килијан Мбапе, медиумите најавија состанок на кој ПСЖ ќе се обиде да ја смири ситуацијата, но како што пренесува Ле Паризиен, средбата веќе била одржна.

Спортскиот директор Луис Кампос вчера се сретнал со двајцата играчи и им порачал дека епизодата од дуелот против Монпеље не треба да се повтори и нивното однесување во никој случај не треба да влијае врз перформансите на тимот.

Тој исто така им одржал лекција дека валканиот веш не е за во јавност и недоразбирањата кои ги имаат да ги гледа цел свет.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе