Малку фалело Србинот да биде тренер на Јувентус

Спортскиот директор на Јуве призна, Михајловиќ бил многу блиску до тренерското столче на шампионот

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ во минатото бил на чекор да стане тренер на Јувентус, потврди спортскиот директор на италијанскиот шампион, Фабио Паратичи. 

Со одличните игри со Болоња минатата сезона, Михајловиќ си ја врати репутацијата на еден од најдобрите тренери во Серија А.
 
Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи открива дека Михајловиќ бил многу сериозен кандидат и за клупата на Јуве, но не открива кога било тоа.
 
„Многу е убаво што го гледаме повторно на клупата, тоа е воскреснување. Јас сум пријател со Синиша, многу добар пријател“, вели Паратичи.
 
„И ќе признаам, тој беше многу, многу блиску да стане тренер на Јувентус, но нема да кажам кога се случи тоа“.
 

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе