Португалецот овој месец треба да ги засили „ѓаволите“

Спортинг и Јунајтед имаат договор за трансфер на Бруно Фернандеш: 60+10 милиони и позајмица на Переира

Според пишувањата на А Бола, Спортинг и Манчестер јунајтед имаат дил за трансфер на Бруно Фернандеш, „ѓаволите" ќе платат 60 милиони евра плус додатни 10 милиони евра во бонуси а во Лисабон на позајмица ќе биде испратен и Андреас Переира.

Бруно Фернандеш треба да го засили Манчестер јунајтед во зимскиот преоден рок. Двата клуба со денови преговараат и се бара формулата која ќе ги задоволи сите страни.

Според пишувањата на А Бола, паднал договор за трансфер вреден 60 милиони евра, плус додатни 10 милиони евра во бонуси. Останува да се пронајде согласност за играчот кој ќе заврши во Лисабон на позајмица.

Спортинг ја одбил идејата да го добие Жоел Переира, за Рохо и Анхел Гомеш нема консензус па се прават напори Андреас Переира да биде вметнат во зделката.

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе