ПСЖ е подготвен за дил, останува само уште играчот да каже ДА

Спорт: Реал и ги мати сметките на Барса, Перез за Нејмар понудил 120 милиони евра и Лука Модриќ

Реал Мадрид би можел да го украде Нејмар од Барселона, каталонскиот весник Спорт пренесе дека Флорентино Перез на ПСЖ му понудил 120 милиони евра и Лука Модриќ.

Нејмар со месеци се поврзува со враќање на Камп Ноу, но Барселона нема пари да го купи Бразилецот, а и ПСЖ не е расположен за зделка со „каталонците“.

Се говори дека играчот бил понуден на Манчестер јунајтед и Јувентус, но двата клуба одговориле негативно. Барселона сепак може да извиси и тоа поради лутиот ривал Реал Мадрид.

Спорт попладнево објави дека Флорентино Перез на ПСЖ му понудил 120 милиони евра плус услугите на Лука Модриќ. Каталонскиот весник додава дека „светците“ се подготвени да го прифатат предлогот и ќе треба само Нејмар да каже ДА.

Флорентино Перез нема да штеди, и на Бразилецот ќе му ја понуди истата плата која ја заработува во моментов во Париз (околу 36 милиони евра годишно).

Барселона се надева дека Нејмар ќе остане на ставот дека сака само на Камп Ноу и ќе одолее на примамливиот предлог, но Спорт вели дека постојат добри шанси напаѓачот да заврши во Мадрид.

Стариот систем е неодржлив затоа што вродува со богатење на поединци наместо на општеството и граѓаните.

повеќе

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе