Бразилецот ги прифатил условите на „каталонците“

Спорт: Барса и Нејмар имаат вербален договор за плата од 24 милиони евра по сезона

Според пишувањата на каталонскиот весник Спорт, начелно е постигнат договор помеѓу Барселона и Нејмар за петгодишна соработка вредна 120 милиони евра.

Барселона се договори со Нејмар, оваа вест како ексклузива ја пласира Спорт. Каталонскиот весник вели дека двете страни си дале збор за петгодишна соработка.

Желбата на Бразилецот за враќање а Камп Ноу била толку голема па тој без многу размислување ги прифатил условите кои му ги понудил Жозеп Мариа Бартомеу. Напаѓачот кажал ДА на плата од 24 милиони евра по сезона, што е далеку помала од онаа која во моментов ја добива во Париз (околу 36 милиони евра).

Спорт додава дека Реал Мадрид исто така пројавил желба да го ангажира Нејмар, и понудата на „кралевите“ била далеку подобра, но приоритет на фудбалерот е враќање во Барселона, па затоа тој се откажува од десетици милиони.

Покрај помалата плата, Нејмар ќе направи уште едно финансиско жртвување и ќе се откаже од тужбата со која си го бара бонусот од 26 милиони евра кој Барселона не му го исплати летото во 2017 непосредно пред трансферот во ПСЖ.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе