Македонецот на одличен начин се врати

Спировски со прекрасен гол имаше кам-бек на терените по 10 месеци пауза (ВИДЕО)

Стефан Спировски ги имаше првите минути по 10 месеци пауза и се врати на терените со прекрасен гол за Ференцварош на гостувањето кај Академија Пушкаш.

Фудбалерот од средниот ред долго време беше надвор од стројот поради повреда на коленото, и денеска ги одигра првите минути по ноември 2018 година.

Стефан Спировски на одличен начин се врати на терените и постигна прегласен гол за Ференцварош на гостувањето кај Пушкаш Академија. Тој без многу размислување пласираше од далечина и го матираше подизлезениот голман на домаќините за водство од 0-1.

Сепак, мечот не заврши добро за Македонецот и Ференцварош. Акдемија Пушкаш во продолжението направи комплетен пресврт и на крајот славше со убедливи 4-1.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе