Македонските репрезентативци се во добра форма

Спировски и Николов постигнаа голови на македонското дерби во Унгарија (ВИДЕО)

Стефан Спировски и Бобан Николов постигнаа погодоци во денешниот дерби дуел меѓу Ференцварош и МОЛ Види кој заврши нерешено 2-2. 

Македонските репрезентативци, Стефан Спировски и Бобан Николов имаа меѓусебна пресметка во унгарското првенство која заврши нерешно.
 
Нашите фудбалери беа едни од главните актери на теренот откако и двајцата успеаа да се запишат во листата на стрелците.
 
Спировски погоди прв кога во 14. минута се најде на вистинското место и му донесе водство на Ференцварош од 1-0, а Бобан Николов реализираше надвор шеснаесетникот во 44. минута за намалување на 2-1. До крајот на мечот МОЛ Види даде уште еден гол за конечни 2-2.
 
Двајцата наши фудбалери ги одиграа сите 90 минути.
 
 

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе