Голазо на Мексиканецот

Спиеш ли мирно Златане? Вела ја „запали“ МЛС со гол во стилот на Меси и Марадона (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ можеби е најголемата ѕвезда во првенството на САД, но Карлос Вела утрово ја „запали" МЛС со голазо и слалом во стилот на Лео Меси и Диего Марадона.

Златан Ибрахимовиќ неодамна изјави дека тој е Ферари во МЛС додека другите играчи се ФИАТ. Но Швеѓанецот оваа сезона може да биде засенет од Карлос Вела, кој прилично млад реши да ја замени Европа со САД.

Мексиканецот утрово против Сан Хозе постигна два гола со кој стигна до бројката од 26, и цврсто чекори кон рекордот на Џосеф Мартинез од 31 погодок во сезоната.

Но она за кое сите зборуваат е слаломот кој го направи во стилот на Лео Меси и Диего Марадона. Карлос Вела се прошета низ одбраната на противникот, го легна на земја голманот, а си поигра и со играчот кој се обиде со лизгачки старт да расчистува на гол линијата.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе