Серија А

Спектакуларен меч и неверојатен кам-бек во финишот, Интер за 100 секунди ја матираше Фиорентина (ВИДЕО)

Интер ја отвори сезоната со триумф над Фиорентина, во луд меч со три пресврти и седум гола, „нероаѕурите" во финишот од мечот дојдоа до победа од 4-3.

Возбудлив натпревар на Сан Сиро полн со драма, Фиорентина беше многу блиску до победа но на крајот „виолетовите“ си заминаа од Милано со празни раце.

Гостите одлично го отворија мечот и поведоа по само три минути игра. Една лоша реакција на одбраната на Интер овозможи двајца играчи на Фиорентина да се најдат осамени пред Хандановиќ а Бонавентура несебично го проигра Куаме за 0-1.

Интер потоа притисна и стигна до изедначување во продолжението на првиот дел, Луатаро прецизно биеше од работ на шеснаесетникот за 1-1

На стартот од вториот дел, избраниците на Конте направија целосен пресврт, Чекерини неспретно реагираше и си ја затресе сопствената мрежа за 2-1. Сепак, пет минути подоцна Кастровили изедначи на 2-2 а по една контра, Киеза погоди за 2-3 и нов пресврт.

Влаховиќ имаше шанса да го фрли Интер на колена, а за промашувањето казна стигна во финишот.

Во период од 100 секунди, Лукаку реализираше за 3-3 по една одлична акција, а Д’Амброзио највисоко скокна на подалечната статива по еден корнер за 4-3 и огромно славје.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе