Серија А

Спектакл на Сан Сиро со луд пресврт: Милан за пет минути му даде три гола на Јувентус (ВИДЕО)

Спектакуларен натпревар во Милано со луд пресврт, Јувентус набрзина поведе со 0-2 но потоа следуваше магичен пресврт и три гола на Милан за пет минути, на крајот „росонерите" славеа со 4-2.

Милан за само неколку дена ги преслуша двете водечки екипи во Серија А, откако ви саботата славеше со 0-3 на гостувањето кај Лацио, вечерва го совлада Јувентус со 4-2.

Почетокот на второто полувреме на навестуваше ваков исход, Рабио со прекрасен гол донесе водство од 0-1, а потоа Кјер и Ромањоли се судрија и му овозможија на Роналдо да погоди за 0-2.

Сепак, ВАР им даде крилја на „росонерите“ па следуваше магичен пресврт и три гола за пет минути.

Едно играње со рака на Бунучи беше прегледувано, Гвида реши да покаже на белата точка а Златан Ибрахимовиќ ја реализираше најстрогата казна и донесе 1-2. Потоа следуваше одлична акција по која Кеси изедначи на 2-2. Веќе го следниот напад резултатот на семафорот гласеше 3-2.

Беше пуштена предност иако имаше прекршок над Ребиќ, Леао тргна сам против сите и успеа да го изненади Шчесни на првата статива за огромна радост.

Јувентус беше на колена, па во 80. минута Алекс Сандро лошо врати една топка а Ребиќ ја затресе мрежата на гостите за 4-2.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе