Шпанецот плус ќе добие многу пари и ќе биде најплатен

Специјален третман за Де Хеа да остане, „ѓаволите“ прават исклучок и се откажуваат од важно правило

Манчестер јунајтед го убедил Давид де Хеа да стави потпис на нов договор откако му понудиле многу пари а се откажале и од клаузулата со која на играчите им се намалува платата за 25%.

Шпанецот ја одработува последната година од договорот, од јануари слободно може да потпише за друг клуб, но Манчестер јунајтед не стравува дека ќе го загуби голманот за без пари.

Двете страни подолго време се во преговори за продолжување на соработката и во неколку наврати медиумите од Англија пишуваа дека паднал дил за нов договор.

Според пишувањата на Тајмс, „ѓаволите“ во скоро време треба да соопштат дека Давид де Хеа останува верен. Весникот вели дека голманот ќе стане најплатен на Олд Трафорд со годишни примања од 13,5 милиони фунти по данок, или околу 15 милиони евра.

Покрај огромната плата, Давид де Хеа добива и специјален третман, Манчестер јунајтед за Шпанецот ќе направи исклучок од едно важно правило.

Сите фудбалери во своите договори имаат клаузула според која платата им се намалува за 25% доколку не е обезбеден настап во Лигата на шампионите. Манчестер јунајтед на овој начин се осигурува дека нема да настане дупка во буџетот поради помалиот прилив на пари.

Оваа клаузула сепак нема да ја има во договорот на Давиде де Хеа па тој ќе ја добива истата плата без разлика дали клубот игра или не во најелитното европско натпреварување.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе