Тренерот на Наполи има пофалби за нашиот фудбалер

Спалети: Кога имате фудбалери како Елмас, едноставно е за тренерот

Лучијано Спалети има пофалби за Елиф Елмас по победата над Легија во Лига Европа.

Наполи 75 минути се обидуваше да го скрши отпорот на Легија, а потоа даде три гола и дојде до убедлива победа од 3-0. Елиф Елмас го одигра целиот меч и асистираше при последниот погодок.

„Кога имате толку многу офанзивни фудбалер, може да барате варијанти како да го скршите противникот. Со Осимен, Мертенс и Инсиње на теренот, станува полесно да го најдете тој момент на магија“, вели Спалети.

„Елмас работеше многу напорно и кога имате фудбалери со таков однос, едноставно е за тренерот“.

„Среќен сум и мислам дека е тешко да се одигра подобро од тоа што го направивме. Фудбалерите покажаа дека сме заинтересирани за Лига Европа“.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе