Победата над Џенова не беше доволна, „росонерите“ ќе го шутнат Џампаоло

Спалети кажал ДА, Милан сега бара идеална формула со Интер

Лучано Спалети се договорил со Милан да го наследи Марко Џампаоло на кормилото, „росонерите" сега бараат идеална формула со градскиот ривал Интер.

По лошиот старт на сезоната, за иднината на Марко Џампаоло се шпекулира со недели. Се чинеше дека стратегот си купи додатно време со тешко издвојуваната победа на гостувањето кај Џенова во саботата.

Но по се изгледа овој триумф нема да биде доволен, голем број на весници денеска пренесуваат дека Милан решил да се раздели со стратегот, и со сите сили да тргне по Лучано Спалети, кој се уште е под договор со Интер до 2021.

Последните информации велат дека Лучано Сплаети кажал ДА на проектот на Милан и си подал рака за основна плата од 2,5 милиони евра по сезона..

„Росонерите“ сега се обидуваат да пронајдат идеална формула со градскиот ривал со оглед на тоа дека Лучано Спалети на „Џузепе Меаца“ заработува помеѓу 4,5 и 5 милиони евра годишно и не сака да прости ниту едно евро.

Интер ќе треба да прифати да му плати на Лучано Спалети одредена сума. Со оглед на тоа дека неговиот договор го чини клубот 20 милиони евра (бруто платата), сигурно е дека „нероаѕурите“ се подготвени за компромос и дил кој ќе ги задоволи сите три страни.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе