Серија А

Спалети има само пофалби за Елмас

Лучијано Спалети го пофали Елиф Елмас кој беше асистент за победничкиот гол на Наполи против Торино.

Наполи има идеално отворање на сезоната, осум победи од осум натпревари. Синоќа со 1-0 го победија Торино, а Елмас имаше асистенција со грб за победничкиот погодок на Осимен.

По триумфот, Спалети ги пофали и двајцата фудбалери.

„Можеби некои играчи потфрлија на овој меч, но добро е што имаме квалитетни фудбалери на клупата. Осимен е силен и голем работник, а Елмас е исклучително момче кое влегува со голем ентузијазам, поминува километри дури и кога не ее потребно. Тоа е одлична работа“, изјави Спалети.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе