Примера

Совршено деби на Суарез, одигра 20 минути, постигна два гола и асистенција (ВИДЕО)

Луис Суарез имаше фантастично деби за Атлетико Мадрид иако во игра влезе во 70. минута од натпреварот, неговиот нов тим ја победи Гранада со 6-1. 

Луис Суарез имаше перфектно деби за Атлетико Мадрид иако одигра само 20 минути.
 
Атлетико Мадрид уште во деветата минута поведе со 1-0 со гол на Диего Коста, а седум минути подоцна Саул Нигез промаши пенал.
 
По две минути игра во второто полувреме Кореа реализираше за 2-0, а Жоао Феликс во 65. минута даде гол за 3-0.
 
Во 70. минута влезе Луис Суарез и го почна своето шоу. Му требаа само две минути за да остави впечаток, му асистираше на Љоренте за 4-0, а потоа постигна два гола за конечна победа од 6-1.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе