Надлежните служби веќе се известени

Сопругата на Конте бурно реагираше по написите за закана и куршум во коверт, Интер веднаш се огласи со појаснување

Сопругата на Антонио Конте ги нападна медиумите и обвини дека нема вистина во написите кои велеа дека стратегот добил куршум во коверт, но Интер веднаш излезе со соопштение и појасни дека заканата пристигнала во канцелариите на клубот.

Утрово голем број на весници од Италија објавија дека Антонио Конте е под плициска заштита откако добил куршум во коверт и заканувачко писмо.

Ваквите стории предизвикаа бурна реакција од сопругата на стратегот, која на социјалните мрежи посочи дека нема вистина во ова.

„Приказната за куршумот е лага. Во Италија, навистина станавме лоши во комуникацијата. Ми се чини дека луѓето кога ќе станат наутро, веднаш измислуваат нешто и го објавуваат без притоа да помислат на последиците!“ – напиша Елисабета Мускарело на Фејсбук.

Постот беше причина за да се огласи Интер, „нероаѕурите“ појаснија дека заканата пристигнала во клупските канцеларии а не на домашна адреса.

„Во врска со сториите кои беа објавени денеска, Интер сака да појасни дека Антонио Конте лично не доби заканувачко писмо, и како последица на ова, самиот тој не појде во полиција. Клубот го доби писмото и како што налага протоколот во вакви ситуации, ние ги известивме службите кои се надлежни за ова“ – се вели во известувањето.

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе