Не може да одбере омилен ресторан

Сопругата на Гундоган се пожали: Храната во Манчестер е ужасна!

Сопругата на Илкај Гундоган, Сара вели дека храната во Манчестер е ужасна и не може да одбере ниту еден ресторан кој и е омилен.

Сопругите или девојките на фудбалерите често знаат да се пожалат од животот на „островотo“, последна која излезе со критики е понежната половина на Илкај Гундоган.

Запрашана кој и е омилен ресторан во Манчестер, Сара рече: „Извинете, жал ми е што морам да бидам искрена, одговорот е ниту еден. Се обидував да најдам добар ресторан, но храната е ужасна секаде. Не можам да најдам вистински италијански ресторан или добро суши или едноставно свежа храна... секаде е замрзната храна“.

„Рестораните тука се фокусираат на тоа како да направат пари преку пијалоци наместо да понудат квалитетна храна. Можеби во Лондон е поинаку, но не во Манчестер, и навистина ми е жал“.

Таа доби многу критики, па мораше да се појаснува: „Ги пробав најдобрите ресторани, но мојот одговорот е НЕ. Не можам да лажам. Навикната сум на Италија, па можете да замислите колку е тешко да се прави споредба“.

„Манчестер е одличен град, луѓето се одлични, но не и рестораните“.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе