Премиерлига

Сон во 94. минута му донесе победа на Тотнем кај Астон Вила! (ВИДЕО)

Со гол на Сон во последните секунди од мечот Тотнем со 3-2 победи на гостувањето кај Астон Вила. 

Тотнем освои три големи бода од гостувањето кај Астон Вила благодарение на гол во последната минута од судиското продолжение.
 
Мечот одлично почна за Астон Вила и тоа благодарение на автогол на Алдервирелд во деветата минута.
 
Но, Алдервирелд се извади во 27. минута откако постигна убав погодок за израмнување на 1-1.
 
Пред самиот крај на првото полувреме Тотнем доби пенал. Реина го одбрани ударот на Сон од белата точка, но фудбалерот на Тотнем повторно дојде до топката и погоди за пресврт и водство од 2-1.
 
По осум минути во второто полувреме Енгелс со глава по корнер го изедначи резултатот на 2-2.
 
Во продолжението Тотнем имаше дури пет големи шанси, три беа на Сон, по една на Деле Али и Бергвен, но немаше нов гол.
 
И кога се очекуваше натпреварот да заврши нерешено, Енгелс киксна, Сон го искористи тоа, постигна гол во 94. минута за победа на Тотнем од 3-2.
 
Со овие три бода Тотнем се искачи на петтата позиција на табелата со само еден бод помалку од Челси кој својот меч го игра утре против Манчестер јунајтед на Стемфорд Бриџ.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе