Голем гест на фудбалерот на Тотнем

Сон даде гол против Звезда па се извини пред камерите за стартот над Гомеш (ВИДЕО)

Фудбалерот на Тотнем уште еднаш ја импресионираше јавноста со својата човечност, на дуелот против Црвена звезда постигна гол и наместо да прослави, тој пред камерата се извини. 

Иако директно не го повреди Андре Гомеш, Сон стартуваше врз фудбалерот на Евертон по што тој заработи хорор повреда, скршеница на зглобот.
 
Откако виде што се случи, Сон тогаш почна да плаче, па останатите играчи на теренот го смируваа.
 
Денеска Сон го играше првиот меч по тој несреќен дуел, Тотнем ја победи Звезда со 4-0, а тој даде два гола.
 
Кога го реализираше првиот, наместо да се радува, Сон отиде пред камерата и се извини за стартот врз Гомеш.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе