Интер по втор пат оваа сезона го совлада Јувентус во натпревар за титула, по Суперкупот, избраниците на Симоне Инзаги стигнаа и до трофејот од Купот на Италија.
Вечерва во Рим, „нероаѕурите“ славеа со 2-4 во супер возбудлив натпревар. Резултатот беше отворен во 7. минута, Барала од врвот на шеснаесетникот прекрасно погоди во аголот за 0-1.
Јувентус направи пресврт за само две минути на стартот од вториот дел, Алекс Сандро изедначи на 1-1 за Влаховиќ од втора да погоди за 2-1.
Сомнителен пенал го врати Интер во живот на десет минути пред крајот, Чалханоглу биеше неодбранливо за 2-2 и продолженија.
Во првите екстра 15 минути, судијата со помош на ВАР по втор пат досуди најстрога казна во корист за Интер а Перишиќ беше сигурен за 2-3.
Пет минути подоцна, Хрватот постигна „голазо“, ја прими топката со десна, па со лева испука „проектил“ од работ на шеснаесетникот за 2-4.