Бруно Фернандеш го одигра последниот меч за Спортинг

Солзи кои значат трансфер во Манчестер јунајтед (ВИДЕО)

Бруно Фернандеш е пред трансфер во Манчестер јунајтед, како потврда за тоа е и неговото однесување на синоќешниот пријателски меч против Валенсија.

Спортинг Лисабон синоќа играше пријателски меч против Валенсија кој го загуби со 2-1, а капитенот Бруно Фернандеш се расплака.
 
Се верува дека ова се солзи поради тоа што за последен пат го облече дресот на Спортинг Лисабон, веројатно е договорен трансферот во Манчестер јунајтед.
 
Се уште нема ништо официјално, но англиските медиуми пишуваат дека двата клуба си подале рака за сума околу 60 милиони фунти.
 
Бруно Фернандеш имаше фантастична сезона која го привлече вниманието на повеќе клубови, изгледа во следната ќе го носи дресот на Манчестер јунајтед.

И Груевски и Заев дојдоа како демократи, заминаа како автократи.

повеќе

Македонија од своето осамостојување постојано е на листата држави за чии граѓани е потребно да имаат британски визи доколку сакаат да патуваат во Обединетото кралство. 

повеќе

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе