Во пресрет на дербито на Олд Трафорд

Солскјер со провокација до Ливерпул: Секоја година е нивна но веќе во октомври им завршува сонот

Предводникот на Манчестер јунајтед реши да испрати мала провокација до Ливерпул пред дербито на Олд Трафорд, вели дека „црвните" секоја година сонуваат за титулата, но веќе во октомври остануваат без шанси.

Фановите на Ливерпул се надеваат дека оваа сезона конечно ќе го прекинат долгиот пост и по 29 години ќе се радуваат на титула во Премиерлигата. „Црвените“ имаат ист број на бодови со Манчестер Сити но и натпревар помалку во пресрет на денешното гостување кај лутиот ривал Манчестер јунајтед.

„Ѓаволите“ откако замина Сер Алекс Фергусон во 2013 се мачат, и не само што не се блиску до битката за титулата, имаа и сезони кога не беа ниту во топ четири на табелата.

Оле Гунар Солскјер вели дека Манчестер јунајтед не смее да западне во пост како Ливерпул и додава дека е подобро да се постават високи цели и да не се остварат истите наместо да се тргне со премали очекувања и да се биде среќен кога тие ќе бидат остварени.

„Ја немаме освоено титулата неколку години и мораме да целиме кон враќање на шампионски патеки. Не смееме да дозволиле да бидеме среќни со тоа што сме во топ четири. Доколку целите ниско и го остварите она што сте го зацртале, тоа е многу поопасно од тоа да поставите високи цели и да не ги остварите“ – вели Норвежанецот.

„Тешко е тука да се освои првенството. Ова веројатно е најсилната лига и доколку погледнете, има само пет или шест тима кои триумфирале во Премиерлигата. Лестер успеа, и тоа беше чудо, претходно и Блекбурн стана шампион, а во другите случаи, неколку големи тимови ги поделија титулуте помеѓу себе“.

И покрај тоа што рече дека е прерано за психолошка војна со Јирген Клоп, Оле Гунар Солскјер реши да испрати мала провокација: „Дома имам многу пријатели навивачи на Ливерпул, и секоја година тие кажуваат дека ќе биде нивна. Но веќе во октомври велат, „ОК, следната година ќе биде“. Тие сега се во трката за титулата, и ги чека возбудлив финиш на првенството. Но тоа не е наша грижа. Ние мораме да се фокусираме само на она што не чека нас“.

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе