Норвежанецот се појави пред медиумите откако утрово беше награден со нов договор

Солскјер: Разговаравме за засилувања, се надевам ќе ги добијам посакуваните играчи пред стартот на подготовките

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер потврди дека разговарал со лидерите на клубот за настапот на трансфер пзарот, и изрази надеж дека ќе ги добие посакуваните играчи пред стартот на подготовките.

Норвежанецот ја доби довербата од бордот на „ѓаволите“ откако за неколку месеци успеа да го препороди тимот кој под водсто на Жозе Мурињо го имаше најлошиот старт во последните 27 години.

Откако Оле Гунар Солскјер утрово беше потврден за нов тренер на Манчестер јунајтед со три годишен договор, стретегот попладнево се појави на прес конференција.

Тој беше запрашан за настапот на трансферот пзарот, и засилувањата кои треба да пристигнат летоска.

„Секако дека дискутиравме на оваа тема. Нотоа не значи дека сме рекле ќе имаме Х сума на пари за засилувања, и ќе донесеме Х број на играчи“ - вели Солскјер

„Во медиумите се пишува за голем број на играчи за кои сме заинтересирани, исто така има многу играчи, или агенти кои стапија во контакт со нас и не известија дека сакаат да дојдат тука. Секако дека ќе бидеме активни на трансфер пазарот, и се надевам дека ќе ги донесеме играчите кои ќе ги идентификуваме како идеални засилувања пред почетокот на подготовките за новата сезона“.

„Но ќе одиме чекор по чекор. Нема да правиме радикални промени“.

На средбата со медиумите стратегот говореше на мноту теми, доби и прашање кое не е поврзано со фудбалот, односно дали ќе го избрка Вирџил ван Дајк, дефанзивецот на Ливерпул живее под кирија во неговиот луксузен дом.

„Не сум го известил дека треба да се сели. Имаме договор...“

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе