Требаше да се случи дуелот со Волвс за стратегот да реагира

Солскјер конечно одлучи кој ќе шутира пенали во Манчестер јунајтед

Требаше да се случи ситуацијата со промашениот пенал против Волвс за Оле Гунар Солскјер да одлучи кој ќе биде прв изведувач на ударите од белата точка во Манчестер јунајтед.

Во првите две кола од Премиерлигата, Манчестер јунајтед имаше два пенали, првиот го реализираше Рашфорд, вториот го промаши Погба.

Пеналот на Погба крена многу реакции. Тоа беше неговото четврто промашување на пенал за 12 месеци, но и покрај тоа се одлучи да шутира, игнорирајќи го фактот што Рашфорд погоди против Челси.

Солскјер по мечот се правдаше дека остава Рашфорд и Погба да се договорат кој ќе шутра пенал, но тоа наиде на лавина критики.

Тренерот е тој кој треба да одлучи кој ќе шутира пенал, така би се избегнале сите недоразбирања.

Според англиските медиуми, по случајот кај Волвс, Солскјер одлучил Рашфорд да биде првиот изведувач на пенали и тоа им го соопштил на фудбалероте.

Два бода се загубени, но отсега не би требало да има дилеми околу изведувачот на пенали, Маркус Рашфорд ќе биде првиот пеналџија на Манчестер јунајтед.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе