Ед Вудворд продолжува да бара кандидати за нов тренер

Солскјер го врати Јунајтед на победнички патеки, но останува привремено решение, „ѓаволите“ имаат нова желба

Медиумите од Англија пишуваат дека извршниот потпретседател на Манчестер јунајтед, Ед Вудворд додал ново име во листата со желби, и Макс Алегри е кандидат за тренерското столче на Олд Трафорд.

По поразот од Ливерпул, Жозе Мурињо доби отказ и на негово место беше именуван Оле Гунар Солскјер.

Норвежанецот имаше одличен старт на авантурата, најпрво го победи Кардиф со убедливи 1-5, а потоа го совлада и Хадерсфилд со 3-1. Но и покрај перфектниот скор и промената во играта која ја донесе, тој и понтаму се гледа само како на привремено решение и клубот продолжува да бара тренер од светска класа кој ќе дојде по крајот на сезоната.

Се верува дека Маурисио Покетино е желбата број 1, а на списокот високо котира и Зинедин Зидан. Извори од Олд Трафорд за ЕСПН сега откриваат дека Ед Вудворд на листата го додал и името на Масимо Алегри.

Стратегот е под договор со Јувентус до 2020, но во неколку наврати сугерираше дека сака да се испроба во Премиерлигата.

ЕСПН вели дека Масимо Алегри бил заинтересиран за можноста да го наследи Арсен Венгер на кормилото на Арсенал минатото лето, но се откажал од намерата поради тоа што „топчиите“ му ветиле мал трансфер буџет за реконструкција на тимот.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе