Манчестер јунајтед

Солскјер го моли Погба да остане уште една сезона во Јунајтед

Оле Гунар Солскјер очајно посакува Пол Погба да остане уште една сезона во Манчестер јунајтед и ќе го замоли да го направи тоа.

Погба сака да си оди од Манчестер јунајтед ова лето, Реал Мадрид и Јувентус се опциите каде би заминал.

Но, информациите од Англија велат дека тренерот Оле Гунар Солскјер очајно посакува да го задржи Погба и следната сезона.

Тој ќе го замоли Французинот да остане уште една година на Олд Трафорд а потоа многу полесно ќе го пуштат да си замине, за значително помала сума од таа која ја бараат сега.

Се верува дека Погба ќе го одбие ваквиот предлог, тој не е среќен што воопшто замина во Австралија на подготовки со Манчестер јунајтед, сака колку што е можно побрзо да се реши неговото прашање.

Синоќа во тренинг базата во Австралија имаше и вербална расправија меѓу Погба и Лингард, што ја покажува нервозата на Французинот и неговата актуелна состојба.

Во меѓувреме неговиот агент Мино Рајола работи на трансфер, како што е познато тој сака да го извади максимумот и за себе и за Погба па понекогаш долго траат зделките во кој тој е вклучен но на крајот успешно завршуваат.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе